СПОРТ

Во Рим ќе ни суди Германецот кој требаше да го води дуелот со Италија во Скопје

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го делегираше германскиот судија Феликс Цвајер зас дуелот Италија – Македонија утревечер во Рим. Овој германски судија требаше да го води септемврискиот дуел во Скопје, но европската фудбалска централа направи промена.

Advertisements

Првично, за главен арбитар беше назначен Германецот Феликс Цвајер, но француска судиска тројка на чело со Франсоа Летисие судеше на „Тодор Проески“. Негови помошници беа Закрани и Рамуни, а Французи беа и во ВАР собата.

Цвајер не им судел на македонските фудбалери на официјален натпревар, но има висока репутација во европските кругови. Сите билети за дуелот во Рим се распродадени, а се очекува и поддршка од нашите фанови во Италија.

Извор: gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button