ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во сабота избор на наследникот на Села

Алијансата за Албанците во сабота ќе го одржи партиското Собрание во Скопје, на кое ќе биде констатирана оставката на Зиадин Села. Не се знае името на лицето кое ќе го замени Села во својство на в.д., но од албанската опозициска партија велат дека за се ќе одлучува највисокиот партиски орган.

„Во ова Собрание ќе се разгледува оставката на претседателот Села и ќе се одлучува за следните чекори“, рече Наим Бајрами, портпарол на АА.

Во Собранието ќе се расправа и за оставката на пратеничката Илире Даути од функцијата координатор на пратеничката група.

„Алијанса не прави филмови. Таа прави политички активности во согласност со демократските правила, развивајќи ги и негувајќи ги од своето основање и ние продолжуваме да го правиме тоа. Тоа потекнува од нашиот демократски дух, демократскиот ум и карактерот на претседателот Села. Во сабота точно ќе се знаат одлуките на партиското собрание“, додава Бајрами.

Села на 20 август поднесе оставка од функцијата прв човек на АА поради лошиот резултат на изборите за Советот на општина Тетово. Последен пат на функцијата прв човек на АА, Села беше избран на Конгресот на 27 март.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button