СПОРТФУДБАЛ

Во септември, Македонија У21 ги почнува квалификациите со Полска и Италија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на ждрепката во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.

Во првото коло од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија. На завршниот турнир ќе се натпреваруваат 16 екипи. Покрај домаќинот Албанија и Србија, директни квалификации ќе имаат девет победници во групи и најдобрата второпласирана селекција. Останатите второпласирани екипи ќе играат плеј-оф за пополнување на четирите преостанати места.

Kомплетниот распоред во групата Е

  1. коло – Полска – Македонија (5 септември)
  2. коло – Македонија – Италија  (9 септември)
  3. коло –  Македонија – Ерменија (10 октомври)
  4. коло –  Црна Гора – Македонија (14 октомври)
  5. коло – Македонија – Шведска    (13 ноември)
  6. коло –  Македонија – Полска       (18 ноември)
  7. коло –  Италија – Македонија    (26 март 2026)
  8. коло – Ерменија – Македонија   (31 март 2026)
  9. коло – Македонија – Црна Гора   (1октомври 2026)
  10. коло – Шведска – Македонија (5 октомври 2026)
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button