МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 166 сообраќајни прекршоци, 61 за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, во рамки на засилените сообраќајни контроли.

Advertisements

Од МВР денеска информираат дека од вкупниот број на изречени мерки, 15 се за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button