МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 329 казнети возачи, 81 за брзо возење

На територијата Град Скопје во рамки на контролите во областа на сообраќајот вчера се изречени вкупно 329 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Advertisements

Како што соопштија денеска од МВР, се изречени 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, 10 санкции за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button