ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје брзо се вози, од вкупно 198 казни, повеќе од 40 за прекумерна брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, 3 за управување под дејство на алкохол, 4 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 6 за некористење на сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и 5 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Advertisements

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button