ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје е формирана Движењето „Арберија“

Во Скопје е формирана Движењето „Арберија“

Во Скопје е формирана Движењето „Арберија“, политичка организација за која основачите велат дека не е партија во класична форма, туку нова свест, бунт против политичкото разочарување, манипулацијата со активистите и искористувањето на граѓанинот. Движењето, според соопштението на Основачкото собрание, нема да има претседател, туку Управен совет составен од 9 до 15 членови. Дел од советот се поранешните пратеници на Демократската партија на Албанците, Беким Фазлиу, Орхан Ибрахими и Мерале Ферати. Покрај нив во движењето се вклучува и професорот Митасин Беќири. Засега од движењето не открија дали ќе учествуваат на локалните избори во октомври, но потенцираа дека имаат црвени линии за одредени партии.

Advertisements

„Ова движење не почнува како политичка партија бидејќи многу добро знаеме во што се претворија нашите албански партии. Во приватни претпријатија на тесни интереси кои во име на народот го искористуваат народот, приватни претпријатија на претседателите кои го искористуваат активистот за да заработат милиони за себе, а го оставаат активистот зависен од еден договор или уште полошо, со години без работа. Партии кои во име на претставувањето инсталираа клиентелизам, сервилизам и неправда“ – Беким Фазлиу, Движење „Арберија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button