ВЕСТИЗДРАВСТВО

Во Скопје ковид тестирање на средношколци

Денеска започнува тестирање за ковид-19 на учениците во девет средни училишта во Скопје. Предвидено е да се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува тестирањето во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина“, наведуваат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button