ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Скопје лидерски состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската Комисија.
На состанокот ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.