ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје допрва ќе се распишува тендер за Луна Парк

Скопје пет години нема Луна Парк. Градот дури сега распиша тендер за основен проект за забавниот парк. Тој ќе биде готов во јули, а за август се најавува дека ќе се распише и тендер за избор на фирма која ќе го гради. За него се планираат околу 12 милиони евра. Доцнењето на изградбата на Луна паркот скопскиот градоначалник Шилегов го гледа во пандемијата, но дури и пред тоа паркот беше под катанец.

Advertisements

Ние требаше лани да почнеме со изградбата на забавниот парк, знаете и сами дека тоа се одложи заради пандемијата, сега не можеме така лесно да ги забораваме светските здравствени шокови… Она што треба да го знаат скопјани – и вие медиумите да го знаете, дека ваков тип на инсталации во форма на забавни паркови сè уште не функционираат заради светската пандемија.“

Поранешната локална самоуправа на градоначалникот Коце Трајановски во 2017 почна да го гради новиот луна парк кој требаше да чини 6,5 милини денари. Трајановски тогаш најави 25.000 квадратни метри парк, без да се чепка од зеленилото од Градскиот парк. Но, откако Петре Шилегов ја презеде функцијата ги запре постапките под изговор дека ќе се гради поголем парк.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button