ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје откриен светскиот трофеј

Претседателот на Македонија Стево Пенадоровски и бразилската легенда Жилберто Силва го открија трофејот на Светското првенство на ФИФА, кој е посветен на победникот на Светското првенство во „Катар 2022“. Македонскиот претседател Стево Пендаровски верува дека еден ден Македонија ќе учествува на голем светски настан.

Бразилецот Силва во оваа прилика му подари копија од трофејот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, притоа истакнувајќи дека е запознаен со последните успеси на Македонија.

„Задоволство е да се биде овде, во земја во која луѓето го сакаат фудбалот. Македонија беше многу блиску до пласман на Светското првенство и се покажа многу добро на последните турнири. Кога зборуваме за сонот и колку сте биле блиску до оваа цел, тоа ве мотивира да работите уште повеќе за претстојните турнири. Јас лично ќе навивам за Македонија на другите турнири“, изјави Жилберто Силва, поранешен фудбалер

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во оваа прилика истакна дека сите треба да се обединат за репрезентацијата на Македонија да биде дел од Мундијалот.

Трофејот од Светското првенство на ФИФА се претставува во 51 земја, а 32 од нив се учесници на завршниот турнир кој од 21 ноември до 18 декември годинава ќе се одржи во Катар. /Алсат.мк

Махир Тачи 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button