ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје санкционирани 158 возачи, 30 за брзо возење

Вкупно 158 мерки, меѓу кои 30 санкции за возење повеќе од дозволената брзина се изречени во засилената акциска контрола во областа на сообраќајот што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на град Скопје.

Покрај тоа, како што информира МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохоли пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за не користење сигурносен појас, осум мерки за не давање првенство на минување на пешаци, 37 за непрописно паркирање.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button