ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Скопје се вози брзо – вчера казнети повеќе од 40 возачи

На територијата на Скопје вчера во полициска сообраќајна контрола биле казнети 176 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.
Од нив, за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 42 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се десет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…, соопшти МВР.