МАКЕДОНИЈА

Во Скопје средби на македонско-бугарската комисија, Османи оптимист

Заедничката комисија на експерти од С.Македонија и Бугарија се состана во Скопје на дводневен состанок за да разговараат за разликите во историјата. Под политички притисок за компромис до 10 ноември, под услов Софија да не го блокира почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ, Комисијата очекува конкретни резултати во врска со настаните од 19 и почетокот на 20 век, културните и политичките движења на тој период и особено фигурата на Гоце Делчев. Се очекуваат конкретни резултати и за прашањата на историските учебници од основните училишта.

Advertisements

На досегашните состаноци комисијата постигна договор за 5 историски личности, меѓу кои за Свети Кирил и Методиј за Свети Климент и Свети Наум Охридски, за Цар Самоил и за Григор Прличев. Министерот за надворешни работи Османи ги охрабри историчарите да ги усогласат своите ставови за на крајот политичарите од двете земји да стават крај на сите преостанати дилеми. Според него, непочнувањето преговори со ЕУ во декември би било неуспех и за Берлинскиот процес и за Унијата.

Инаку, бугарскиот премиер, Бојко Борисов и шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева неодамна изјавија дека Скопје не може да продолжи по својот пат кон ЕУ, освен ако не постигне компромис со Софија до 10-ти ноември за македонскиот јазик и за заедничката историја. Брисел пак, се очекува да ги удвои своите напори за надминување на разликите за преговорите за членство на Македонија во ЕУ да можат да започнат до крајот на годината.

Анеса Салиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button