ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Собрание денеска беа формирани две комисии преку кои треба да помине Законот за работа и организација на државните органи
Во Собрание денеска беа формирани две комисии преку кои треба да помине Законот за работа и организација на државните органи

Во Собрание денеска беа формирани две комисии преку кои треба да помине Законот за работа и организација на државните органи, поточно законот преку кој ќе се формираат две нови министерства и ќе се менуваат други ресори.
Пратеникот Лупчо Пренџов ќе раководи со Комисијата за политички систем, а Александар Вељановски ќе раководи со Законодавно – правната комисија. За останатите комисии ќе се одлучува во наредните денови. Предлог-законот за работа и организација на државните органи се очекува да стигне во Собранието до крајот на неделата.
Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ се изјаснија дека во моментов ги немаат потребните 80 пратеници.