ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието координација за законските измени за новите министерства

Во Собранието денеска ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Гаши за МИА потврдува дека на координативната средба ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата.

Собранието треба да ги донесе законските измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Исто така, и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button