
Со 67 гласови „за“ и 7 „против“ Собранието го усвои ребалансот на буџетот за 2024 година.
На седницата не присуствуваа пратениците на „Европскиот фронт“, коалицијата предводена од ДУИ. Од опозицијата во салата беше забележливо присуството на само тројца пратеници од СДСМ и четворица од Левица. Заедно, тоа се седумте гласа против.