Во Собранието попладнево треба да започне седницата за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и за акцизи

Во Собранието попладнево треба да започне седницата на која се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на законот за акцизи. Откако владата ги услои овие измени сега на ред се пратениците да ги донесат и што побрзо да стапат на сила со цел намалување на трошоците на граѓаните во ова кризно време. Предлог законите се носат по итна постапка и со нив конкретно ќе се овозможи намалување на малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. Измените на законите се однесуваат на намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 отсто на 0 отсто, намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто за горивата, како и намалување на акцизата за горивата согласно берзанските цени.