ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во Собранието продолжи расправата за предлог буџетот

Во Собранието на Македонија продолжи расправата за предлог буџетот за 2022 година. Истата реторика помеѓу пратениците, меѓусебни обвинувања за тоа кој повеќе направил за граѓаните а кој за лични или партиски интереси. Од собраниската говорница се отворија теми поврзани со трошењето на народните пари за капитални инвестиции наспроти непродуктивните трошоци, социјални трансфери или предизборни додворувања. Вложувања во образование, спорт, култура и евроинтеграции или едноставно џабе потрошени пари со никаков контра ефект.

Advertisements

„Да ми објасните, зошто кога зборувавте за образование не кажавте дека ќе има намалување на изградба на основни училишта, изградба на училишни спортски сали, зошто има намалување за реконструкција на училишни домови, изградба и реконструкција на студентски домови“, рече Бети Стаменковска Трајковска ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа учебна година ученичките и студенските стипендии се двојно и тројно зголемени. Ги вративме стипендиите кои цела една декада за вашето погубно владеење беа едноставно уништени. А, тоа се стипендиите за постдипломците, за докторантите со цел да ги стимулираме повеќе да се занимаваат со науката“, рече Лидија Тасевска СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button