Во Собранието продолжува дебата за Буџетот 2024
Во Собранието продолжува дебата за Буџетот 2024

Бројни судири меѓу пратениците на власта и опозицијата во однос на предлог-буџетот за 2024 година, особено за капиталните инвестиции. Во фокусот се најдоа Коридорите 8 и 10-Д промовирани од СДСМ-ДУИ. Пратениот од Граѓанската опција – ГРОМ, Љупчо Пренџов, ги критикуваше пратениците на ДУИ дека 20 години гласале во корист на буџетите, но според него, тие никогаш не им одговориле на Албанците зошто уште не се изградени автопатите Тетово-Гостивар-Кичево. Тој рече дека кога се дели буџетскиот колач, ДУИ е прва која имаат корист од јавните пари.
Пратеничката на ДУИ, Фиснике Бектеши-Шаќири, рече дека инфраструктурни проекти се предвидени во секој регион на Македонија.
„Патната инфраструктура предвидува изградба на сегмент од Коридорот 8, проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на патот Струга-Ќафасан-Требениште и Кичево-Букојчани и во делот од Прилеп до Битола. Ќе биде подготвен и урбанистички проект за поврзување на Тетово со Призрен. Коридорот 8 од Ранковце до Крива Паланка кон границата со Бугарија. И од Кичево кон Охрид и Скопје-Блаце“, рече Фиснике Бектеши Шаќири, пратеничка на ДУИ.
Од ВМРО пак, наведоа дека со новиот буџет тројно се зголемуваат трошоците за задолжување со кредити и обврзници. Антонио Милошоски се сомнева дека се крадат и злоупотребуваат јавни пари.
На првиот ден од дебатата која започна во петокот, министерот за финансии Фатмир Бесими, истакна дека предложениот буџет ќе обезбеди одржлив економски раст, продолжување на фискалната консолидација и фискална одржливост. Според предвидената динамика и законски рок, по исцрпувањето на расправата новиот буџет се очекува да биде ставен на гласање во среда. Државата планира да собере 5,5 милијарди евра, но да потроши 500 милиони повеќе. Разликата ќе биде дополнета преку позајмици и кредити./alsat.mk
Аднан Ќаили