ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието се расправаше за предлог законот за инспекција на животната средина

Наскоро инспекторите за животна средина ќе имаат повеќе надлежности во извршувањето на својата работа. Со усогласување на законот за инспекциски надзор согласно препораките на ЕУ, на инспекторите им се овозможува да вршат почести и вонредни инспекциски надзори, без да мора првично да ги најавуваат. Со предложените измени се предвидува инспекторите при инспекциските надзори кај одредени субјекти да не се ограничени каде и што можат да контролираат. Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека преку овој закон ќе се зајакне соработката меѓу инспекторите на централно и локално ниво.

Advertisements

„Важно е затоа што со овој закон не само што се усогласуваме со директивите на Европската Унија, туку истовремено правиме и координација меѓу локалната и централната власт, односно локалните и централните инспектори. Ова не е политика туку стандард на живеење“, изјави Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Една од критиките што стигна од опозициската пратеничка Гордана Силјановска беше за финансиските импликации на овој закон. Според неа, спроведувањето на законот ќе предизвика финансиски импликации, иако во предлог-предлогот не се вели тоа.
Законот што ја носи ѕвездата на Европската Унија денеска беше во прво читање во Комисијата за европски прашања. Силјановска предложи за овој закон да се расправа на Комисијата за екологија. Според неа, во дебатата треба да се вклучат и активисти од НВО.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button