ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието сè уште не е поднесено барањето за формирање на новата пратеничка група на ВЛЕН

Пратеникот Беким Ќоку сè уште ги нема собрано потребните потписи за да стане нов координатор на пратеничката група на ВЛЕН во Собранието, на местото на Халил Снопче. За Алсат, Ќоку изјави дека потписите не се собрани поради отсуството на пратениците од Собранието. Досега,  потписи дале само осум пратеници. Ќоку појасни дека, всушност, не се формира нова пратеничка група, туку само се менува координаторот.

Advertisements

„Потписите се собрани но не сите, бидејќи пратениците не се присутни во овој период, некои пратеници беа отсутни. Чекавме да ги добиеме потписите од сите пратеници. Досега има осум пратеници кои потпишале и се надеваме дека штом ги собереме сите потписи, официјално ќе го доставиме дописот до службите на Собранието“, рече Ќоку.

Но за Халил Снопче, овие најави се само муабети. Тој му порачува на Ќоку што поскоро да го достави барањето.

„Ова се само разговори. Нека го конкретизираат, нека го поднесат барањето, бидејќи две недели зборуваат за тоа, но до моментов – ниту во архивите на Собранието, ниту во кабинетот на претседателот на Парламентот, не е поднесено такво барање. Нека го поднесат барањето, што чекаат? Не со 14, нека го направат прво со девет пратеници, па ќе видиме… Значи, ако формираат нова парламентарна група, која што уште не ја формирале, без оглед на тоа што изјавиле, тогаш ќе се сменат околностите“, рече Снопче.

Сепак, имајќи предвид дека целта е само да се промени координаторот, оваа постапка ќе биде тешка бидејќи пратениците на Алијанса за Албанците нема да дадат зелено светло за тоа. Како што рече Снопче, пратениците на АА ќе постапуваат согласно со одлуките на партиските органи.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button