ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Собранието законски измени за лицата „фантоми“

Законодавно-правната комисија во Собранието разгледа два предлог-закона кои се однесуваат на пријавување на живеалиште и место на живеење, но и Законот за лични карти. Со предложените измени се предвидува олеснување на процедурите и идентификација на таканаречените „фантоми“, односно лица кои немаат никакви документи. Двете законски решенија се предлагаат со кратка постапка, а се резултат на штрајкот со жед што летово три дена го држеше активистот за човекови права Суад Мисини. Со одобрувањето на измените се олеснуваат процедурите не само за лицата без документи, туку и за граѓаните кои смениле адреса, но и понатаму се водат на старата.