ВЕСТИРЕГИОН

Во Србија започна изборниот молк

Во Србија од полноќ почна изборен молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателските и редовните локалните избори за Град Белград и 12 локални самоуправи, кој ќе трае до недела, 3 април, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места. За време на изборниот молк се забранува изборна пропаганда, одржување предизборни собири на јавни места и објавување проценки за изборните резултати. Забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал на гласачките места и на 50 метри од нив. Доколку не се почитува оваа одредба, избирачкиот одбор по закон се распушта, а гласањето се повторува на тоа избирачко место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button