ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струга се влошува состојбата со Ковид 19

Само уште два слободни кревета има во модуларната болница во Струга. Капацитетите забрзано се полнат, а во последото деноноќие хоспитализирани се четири нови пациенти болни од ковид 19. Во моментот во болницата лежат 33 пациенти. 30 се на кислородна подршка, најмладиот пациент има само 29 години.

Advertisements

Дневно во нашата дневна амбуланта се прегедуваат помеѓу 100 и 120 пациенти. Моментално сите хоспитализирани се од прво колено, а според нашите експерти кои ги вршат прегедите, доаѓаат до заклучок дека од исти кластери, од исти фамилии имаме повеќе хоспитализирани во нашата болница – изјави Арменд Арслани-директор на општа болница Струга.

Пред ставање во функција за ковид позитивни пациенти е и интерното одделение, кое располага со 30 кревети. Директорот вели дека се подготвени и за други сценарија, но се ќе зависи од развојот на ситуацијата. Драстично е зголемен и бројот на домашни посети на позитивни пациенти, па брзата помош тешко стасува на терен.

Домашните посети ни се проблем. Многу ги има. Сега ги имаме вкупно 40, од кои само четири се домашни посети кои не се од ковид. Другото е ковид. Заболена е помлада популација, за разлика од минатиот бран. Во домашни услови ја даваме таа терапија и неа ја препишуваат доктори специјалисти од болницата. Се бориме и ние не знаеме како. Ако продолжи вака, ќе биде навистина загрижувачки – рече Дончо Ложанкоски, директор на здравствен дом Струга.

Во Охрид ситуацијата е нешто подобра. Во модуларната болница се хоспитализитани 34 пациенти, а има уште 17 слободни кревети. Директорот Горан Балев за Алсат рече дека очекуват влошување на ситуаицјата и оти веќе се размислува за адаптација и на интерниот оддел. Инаку, според епидемиолозите, од ново дијагностицираните најголем е бројот на помлада популација, но и на наши иселеници во странство. Има случаи кога дел од нив се враќани од охридскиот аеродром, пред да заминат назад. Само во саботата, во текот на еден час, биле регистрирани 12 такви случаи, што значи на секој пет минути се дијагностицирал по еден заразен.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button