ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во струмичката болница се лекуваат триесет заболени од Ковид-19

Во струмичката болница се лекуваат триесет пациенти заболени од Ковид-19. Девет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта. Според директорката д-р Катерина Кузмановска, секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите.

-Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение најголем дел од нив се на кислородна поддршка, а изминатите денови три потешки случаи испративме на лекување во Инфективната клиника во Скопје. За разлика од порано за лекување се јавуваат помлади лица, што за нас е показател дека вирусот сега полесно ги напаѓа нив и затоа апелирам на доследно почитување на мерките за заштита, рече директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска.

Во Струмица заклучно со вчера се регистрирани 251 активни случаи на инфицирани од Ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button