ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струмица стапуваат во сила мерки и препораки поради зголемено загадување

Во Струмица од денеска, поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, и тоа надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, стапуваат во сила препораки и мерки во случај на надминат праг на алармирање.

Advertisements

„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица“, се вели во денешното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button