ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Студеничани училниците преполни, настава во три смени

Во Основното училиште „Наим Фрашери“ во општина Студеничани, наставниот процес се одвива во три смени поради големиот број ученици. Иако училишниот објект има капацитет да прими само 1.600 ученици, во моментов во него учат 1.730.

Advertisements

„Имаме недостиг на училишен објект, училишен простор и затоа сме принудени да работиме во три смени. Од септември работиме во три смени. Како се справувате со целата оваа ситуација? Малку е тешко, но се снаоѓаме некако. Третата смена е некаде меѓу смените и тоа се смета како трета смена. Во училиштето каде што има три смени, првите одделенија имаат пократки часови“, рече Бурак Алиу, секретар на О.У „Наим Фрашери, село Студеничани.

Наставниците велат дека преоптоварените училници не дава соодветна ефикасност во спроведувањето на наставната програма и не може да му се даде простор и внимание на секој ученик.

„Бројот е исклучително голем. Имаме над 30 ученици во еден клас. Мислам дека часот не може да биде ефикасен со толкав број ученици. Затоа мислам дека Владата, Министерството треба да посвети повеќе внимание на ова училиште, на овие населени места, бидејќи навистина ни требаат поголеми простори. Во 40 минути тешко е да им се посветите на сите, иако се трудиме, не можеме да стигнеме“, рече Фатмир Исени, наставник по англиски јазик.

„Се трудиме со можностите што ги имаме, се трудиме да дадеме максимум, 40 минути се премалку, внимаваме на секој ученик и некако се снаоѓаме. Имаме добри успеси бидејќи оваа учебна година имаме и нови план програми, има промени, но и праксата ни овозможува за секој ученик кој покажува голем интерес“, вели Невзат Рушити, наставник по информатика.

Се бара во класовите да нема повеќе од 20 ученици.

„Кога имаме часови, малку е проблем што наставниците не можат да комуницираат со сите ученици, дури и кога нè испрашуваат за оценки, треба да одржиме два-три часа за да нè испраша сите…“

„Мислам дека би било подобро ако бидеме помалку ученици. Има многу случаи кога почнуваат да нè испрашуваат за оценки и потоа ѕвони ѕвончето и многу ученици остануваат без да бидат испрашани до крај“, велат учениците.

Од управата на училиштето велат дека до Министерството за образование веќе било испратено барање за проширување на објектот, но не добиле никаков одговор.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button