ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во судири во затворот Идризово повредени полицајци

По полициската акција во Идризово дел од членовите на семејствата на затворениците дојдоа денеска пред влезот на затворот за да добијат информации за здравствената состојба на нивните роднини.

Advertisements

Според нив, затворениците биле брутално претепани од полицијата за време на акцијата.

„Мојот брат е тука, тој е затвореник, знам дека е малтретиран и оти е многу лошо. Можеби има скршена нога и е многу лошо. Не знам во која земја живееме и дали ова е демократска држава, не знам што да кажам. Направив и неколку фотографии кои ви ги испратив како доказ за да видите во која земја живееме, земја кандидат за Европа, а се случуваат овие работи. Ако брат ми згрешил, ја отслужува казната, но сега треба да ги трпи и овие, а се знае во какви услови се, па сега и да бидат мачени и тепани без вина, не смее да бидат тепани затоа што судот е за таа работа, да ги казни ако направиле некое дело, но знам дека мојот брат е чист во оваа работа“, вели роднина на затвореник.

„Имаме информации дека бил лошо претепан без причина, не знаеме зошто, не знам во каква држава живееме“, додава роднина на еден затвореник.

Како што соопшти МВР, додека припадниците вршеле службени дејствија, поголема група затвореници почнале активно да даваат отпор, при што биле повредени 10 полициски службеници, но и затвореници.

За акцијата сè уште нема официјално соопштение од Затворската управа.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button