ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тек се политички калкулации за парламентарно мнозинство

По изборниот резултат, партиите почнаа со политички калкулации за коалиции. ВМРО-ДПМНЕ е децидна – нема коалиција со ДУИ. Од друга страна, СДСМ најавува проширување на парламентарното мнозинство, но не наведуваат детали кој би им се приклучил. И Алијанса за Албанците и Алтернатива калкулираат со ново мнозинство, кое според нив, ќе стане реалност по официјалното заверување на резултатите. Во ДУИ се убедени дека нема да има ново мнозинство, ниту пак може да има нова Влада без нив. Овие ставови партиите ги искажаа преку свои претставници во рамките на изборната дебата во Алсат. Синоќа пак, Заев рече дека мнозинството е стабилно, па дури и со можност да се прошири.

Advertisements

Во меѓувреме, лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски рече дека граѓаните ја делегитимирале Владата. Мицкоски оценува дека најдобро решение во ваква ситуација се предвремени парламентарни избори.

И Заев и Мицкоски меѓусебно се обвинија за изборни нерегуларности. Заев рече дека опозицијата победила благодарение на  црни пари и приходи од странство, а Мицкоски изјави дека изборите се одржале под притисок и закани од луѓето од власта. Од локалните избори на 17 и 31 октомври ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија освоија 42 општини, а СДСМ 16. Социјалдемократите го загубија и досегашниот бастион, Куманово од независниот кандидат Максим Димитриевски. Стевчо Јакимовски од ГРОМ, по еден мандат пауза, повторно ќе владее со Карпош, а ЛДП и ДОМ го освоија Шуто Оризари со Курто Дудуш. Во Брвеница победи независниот кандидат Зоран Ногачески.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button