ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар.

поред информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница.

Advertisements

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Лениште, Веловодица, Смолани и Дрен, како и кај м.в. Дервен. Во Општина Долнени, кај село Десово, пожарот е исто така под контрола.

Изгаснати се пожарите во општините Чашка, Чучер-Сандево, Гази, Бутел, Сарај, Штип, Делчево, Крушево, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Виница, Брвеница, Теарце, Гостивар, Валандово, Македонски Брод, Битола, Демир Хисар, Охрид, Струга и Дебар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button