МАКЕДОНИЈА
Во текот на вчерашниот ден казнети 206 возачи

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје, во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за непрописно паркирани возила и 77 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.