МАКЕДОНИЈА

Во Тетово е пуштен во употреба булеварот „Бато“ со должина од 700 метри

Во Тетово е пуштен во употреба булеварот „Бато“ со должина од 700 метри

Во Тетово е пуштен во употреба булеварот „Бато“ со должина од 700 метри и вредност од 1,1
милион евра. Првиот човек на општина Тетово Билал Касами рече дека со овој проект се
најавуваат и други инвестиции.

Advertisements

„Овој проект е значаен затоа што не само што решава еден од најголемите инфраструктурни
проблеми на општината, значаен е и затоа што најавува голем бран инвестиции во
инфраструктурата, поддржани од Владата, кои за годинава за Тетово ќе бидат во вредност
од 15 милиони евра, а најголем дел се за патна инфраструктура“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Премиерот Мицкоски, кој учествуваше на свеченото отворање на булеварот, најави дека
наскоро ќе започнат работите и за изградба на патот Тетово-Призрен, важен проект за
граѓаните на двете земји./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button