ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово конференција за проблемите во образованието

Отсуството на државни инвестиции во образованието сè повеќе ја обезвреднува професијата наставник. За разлика од порано кога наставниците уживаа авторитет, денес нивните барања и грижи воопшто не се разгледуваат. Учесниците на научната конференција организирана од албанското академско здружение за наука и уметност ДОДОНА од Тетово, побараа конкретни чекори за подобрување на условите во образованието.

Advertisements

„Образованието е нешто специфично и од витално значење за сите народи и цивилизации. Затоа, Владата треба повеќе да внимава на него за да има квалитет. Прво, да се зголемат платите на наставниците, потоа да се бара работна одговорност за тие да не се занимаваат со втора или трета работа… Сега имаме помалку ученици, помалку наставници и помалку училишта, па треба повеќе работа и посветеност“, рече Хасан Јашари, универзитетски професор.

Покрај мизерната ситуација во која се оставени наставниците, тие имаат проблеми и со училишните учебници, се пожалија дел од присутните.

„Изненадувачки е што текстовите одат во раце на лектори и уредници, а секоја книга има и нивни имиња, но кога ќе ја видиме состојбата, се чудиме. Од корицата се гледаат правописни грешки, каде што се и сликите и тоа е за чудење. Замислете училница е напишана со две „л“. Може да се каже дека се технички пропусти, но не, за изненадување се текстовите и она што им го сервираме на учениците, ова е лошо. Министерството мора да ги провери, но не можеме да кажеме дека министерот е виновен, бидејќи некој му го пратил на министерот“, вели Доника Бакиу, универзитетски професор.

На денешната конференција беа презентирани и девет нови членови со нивните научни студии, на тема албанското образование во Полошко, меѓу 1941-1944 година.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button