ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово расте бројот на заболени, но и на казнети поради неносење маски

Остануваат уште само десетина слободни кревети во Клиничката болница во Тетово. Хоспитализираните се главно пациенти на возраст од 40 до 84 години, скоро сите на кислородна поддршка. Одговорниот во ковид-центарот, Гезим Нуредини за Алсат изјави дека медицинскиот персонал од другите одделенија е засилен.

Advertisements

„Сега имаме 35 хоспитализирани пациенти кои се на возраст од 40 до 84 години. Сите имаат потреба од кислород, освен еден пациент кој се води како здрав, двајца пациенти се на апарати за дишење, а на другите им е потребен кислород, освен еден пациент на помлада возраст. Поради зголемувањето на бројот на пациенти, направивме мини-реорганизација затоа што бројот на заразени се зголемува“, рече Гезим Нуредини, координатор на ковид центар, Тетово.

Зголемен е и бројот на лица кои се казнети за непочитување на мерките за заштита, односно за неносење на маска.

„Само во овие три дена поднесовме 150 мерки против лица кои не ја почитувале оваа мерка, така што Тетово после Скопје води со 25.000 казни за лица кои не ја почитувале мерката“, изјави Фатмир Реџепи, Портпарол на СВР-Тетово.

Дел од граѓаните пак, ја обвинуваат Владата дека воведува неефикасни мерки за заштита.

„Има две причини зашто се зголемуваат броевите. Првата е дека сме малку невнимателни, не го сфаќаме вирусот сериозно, иако тој постои и е опасен. И второ, можеби мерките на Владата и вакцините доцнат, ние сме последни во регионот, така што, има многу фактори.“

„Прво, населението треба да внимава бидејќи не се грижи колку што треба, одат во кафулиња и паркови, така што свеста кај народот е екстремно ниска, па и уште полошо, дури и не веруваат во тоа. Би сакал полицискиот час да почнува барем од 19 – 20 часот бидејќи тоа е период кога има најголема раздвиженост.“

Од почетокот на пандемијата над 6.000 заразени се регистрирани во Тетово и во петте околни општини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button