ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово следната недела ќе се проверува дали се исполнети препораките по инцпекциите за заштита од пожари

Во Тетово следната недела ќе се проверува дали се исполнети препораките по инцпекциите за заштита од пожари

Една недела по извршените контроли во институциите на државата, со посебен акцент на основните и средните училишта, од вторник, инспекторатот на општина Тетово ќе излезе на терен за да провери дали се исполнети дадените препораки или не. Прво ќе се проверуваат училиштата, каде што од општата контрола произлезе дека 99% од нив не ги исполнуваат условите за заштита од пожар. Од општина Тетово најавуваат строги казни за сите директори кои не ги исполниле дадените препораки.

Advertisements

„Извршени се 24 контроли, вклучувајќи ги средните училишта, градинките и универзитетите. Од сите овие контроли, условите ги исполниле само, ‘Никола Штејн’, ‘Беса’, градинката ‘Ринија’, ‘Маариф’ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Инспекторатот на Општина Тетово во училиштата и објектите што ги контролираше, им даде рок на државните институции и училиштата да преземат соодветни мерки за обезбедување на потребите, или во спротивно ќе се преземат мерки согласно законот. Од вторник, инспекторатот ќе биде на терен за да провери дали се спроведени наредбите“, рече Албион Алили, портпарол на Општина Тетово.

Во лоша состојба се и верските објекти во земјата, кои според финалниот извештај на инспекторатот, воопшто не ги исполнуваат условите за заштита од пожар, заедно со Универзитетот во Тетово, каде што според извршените контроли, ниту еден апарат за гаснење пожар не бил во функција. Пожарникарите препорачуваат овие услови да се исполнат што е можно побрзо, и да не се дозволи повторување на големи трагедии како што беше случајот во Кочани.

„Се изврши контрола на 19 џамии и пет цркви, од кои ниту една не ги исполнува потребните услови. На Универзитетот во Тетово, во моментот кога инспекторатот изврши контрола, опремата за противпожарна заштита беше со истечен рок и нефункционална. Имаше и неколку други пропусти“, додаде Албион Аили, портпарол на Општина Тетово.
Случајот во Кочани беше главната причина за овие контроли. Општинскиот инспекторат во Тетово, , откри дека 90 проценти од објектите со јавен, верски, но и угостителски карактер, воопшто не ги исполнуваат условите за заштита од пожари. Најсериозен случај се покажа во едно од најголемите училишта во Тетово, училиштето „Истигбал“, кое, и покрај тоа што има над илјада ученици, не само што немало функционални апарати за гаснење пожар, туку воопшто немало ни хидранти за гаснење пожари./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button