ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово тротоарите – паркинзи, ученици пешачат по улица

Стотици ученици од основното училиште „Истигбал“ во Тетово, секојдневно се изложени на опасност од автомобили кои со нивното паркирање го спречуваат безбедното движење на учениците по тротоарите.

Advertisements

Директорот на училиштето вели дека со години испраќа допис до полицијата за асистенција за чистење на патот, но нема одговор, а не се преземаат ниту мерки.

„Нашите ученици се загрозени од лошо паркирање, но полицијата не презема ништо. Пред три години имавме прегазен ученик, па апелираме до возачите да не ги паркираат автомобилите на влезовите од училиштата“, вели Реџеп Халили – Директорот на ОУ. „Истигбал“ Тетово.

Од тетовското СВР признаваат дека дури и самите членови на СВР лошо ги паркираат своите автомобили на патот што води до полицијата.

„Граѓаните кои бараат услуги во овие институции, но има и вработени кои се паркирани лошо, го попречуваат слободното движење. Апелираме до граѓаните, да се паркираат во училишните дворови, а не на улиците и да не го попречуваат сообраќајот“, рече Фатмир Реџепи – портпарол на СВР Тетово.

Паркирањето продолжи и додека снимавме, а возачите се правдаат дека нема паркинг во близина на полицијата.

„Сè додека не се почитуваат правилата, не се знаат знаците, не се знае каде да се застане, возачите се виновни. Потоа, имаат познаници и не плаќаат казни, па ги оставаат автомобилите насекаде“, велат жителите.

Во основното училиште „Истикбал“ учат околу 1.250 деца. Поради невнимателното возење и принудно одење на децата по улицата, пред неколку години едно дете се здоби со тешки телесни повреди.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button