ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово во ученичките чанти сè почесто има тврди предмети и дрога

Економската криза, транзицијата, но и запоставувањето на децата во последно време предизвика насилство во училиштата. Оваа социолошка појава во светот, но и кај нас, се јавува како резултат на запоставувањето на училиштата за згрижување деца, но и од родителите кои се зафатени и не обраќаат внимание на своите деца. Големо влијание врз употребата на насилство имаат и компјутерските игри.

Advertisements

„Има голем број деца кои се изолирани и осамени. Тоа се децата кои можат да станат жртви на овие однесувања. Кога воспитувачот ќе забележи кај детето дека има невообичаено однесување во споредба со другите, како што се осаменост, изолација и недостиг на поддршка, треба да се види дека тука се создава дисбаланс и се создава ситуација во која може да ја изгуби контролата. Затоа, се препорачува на училиште, наставниците, воспитувачите, родителите да не ги запоставуваат симптомите кои се чудни“, вели Љуљзим Муртезани, социолог.

Девијацијата на децата започнува уште од мала возраст, во основно училиште. Од контролите извршени пред неколку месеци во основно училиште во Тетово, пронајдени биле многу недозволени предмети во чантите.

Но, последните настани, како оној во Белград, го вклучија алармот и во училиштата и во Секторот за внатрешни работи. Од општина Тетово велат дека не се доволни само безбедносните камери во училиштата. Треба да се зголемат и контролите врз учениците од страна на наставниците, за тоа што носат во своите чанти, освен книги и тетратки.

„Факт е дека организирањето на обезбедувањето е само на ниво на училиште. Ќе биде потребно поголем дел од училишниот персонал да биде повеќе посветен на безбедноста на учениците внатре и надвор од училишната зграда, но апелираме и до родителите пред децата да заминат на училиште да направат контрола“, вели Назми Даути- раководител на Сектор за образование, Тетово.

Според полициските извештаи и бројките колку се фатени со ладно оружје или дрога, особено тинејџери, покажува дека пристапот на младите до оружје и наркотици е многу лесен, затоа треба да се започне моќна офанзива, велат од СВР, особено за нивната девијација.

Од СВР Тетово препорачуваат, во превентивните програми да се вклучат не само полицијата, туку и вработените во училиштата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button