ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тетовскиот регион над 160 лица пријавија штети од врнежите

Во тетовскиот регион над 160 лица пријавија штети од врнежите

Во тетовскиот регион над 160 лица пријавија штети од врнежите. Најголем број штети има во земјоделието. Во меѓувреме, најдено е решение за надомест на лицата кои немаат земјоделско земјиште на нивно име, или кои немаат договор за нивно користење. Остануваат уште четири дена за пријавување на штети. Од Министерството за земјоделство најавија пакет мерки за заштита на земјоделските култури.

„До петок се примаат поплаки за штетата што ја имаат граѓаните. Досега бројот е 160, во зависност од деновите ќе се менува и бројот. Поголема штета е направена во село Шипковица, Џепчиште и Фалиште. Најголем дел од барањата за оштети се за земјоделско земјиште, десет за куќи, а пет се автомобили. Согласно разговорот на градоначалникот со министерот за земјоделство, договорено е лицата кои го поседуваат земјиштето да можат да бараат отштета а преку изјава на нотар, ќе докажат дека имаат договор за користење на земјоделско земјиште “, рече Албион Алили Портпарол на општина Тетово./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button