ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тетовско 100 пријави за штети по невремето

Блокирани патишта вo Вејце и Сиричино, блокирани автомобили по тетовските улици, и многу поплавени куќи е билансот од невремето кое синоќа го зафати Тетово.

Advertisements

Сопствениците на куќите на оваа улица, кои ги чистеа подрумите, велат дека поплавите од темел им ја уништиле куќата, а ја обвинуваат градската касарна дека со изградбата на новиот ѕид го затворила каналот што ја носеше водата во Вардар.

Пожарникарите велат дека интервенирале во текот на целата ноќ, особено сообраќајниците кои биле блокирани, но и во станбени згради.

„Имавме блокирани патишта како што е преминот до касарната, подвозниците, влезовите и излезите во градот, сите улици во Тетово беа поплавени бидејќи имавме поројни дождови. Спасивме и автомобил во касарната, каде што требаше да се извлечат затрупани луѓе. Имавме вкупно 12 интервенции. Во Вејце имаше свлечиште, но по добиената информација нашите екипи излегоа и го расчистија патот и истиот е прооден“, рече Авни Амети, командир на противпожарна бригада.

Покрај интервенциите на пожарникарите, во Регионалниот центар за управување со кризи биле пријавени и над 100 пријави за оштетување на автомобили и предмети.

„Во зависност од тоа какви штети се пријавуваат, ги евидентираме и ги доставуваме до комисијата или полицијата. Нема точни бројки бидејќи повиците продолжуваат. Сега дојдов од ЈЗУ и добивме информација дека во градот водата е чиста и за пиење, но во планинските села водата добила боја и е заматена, па затоа препорачуваат да се пие флаширана вода или да се преврива пред конзумирање“, изјави Арлинда Мухареми- раководител на РЦУК.

Во општина Тетово вчера почна поднесувањето на барања за штети. Досега се поднесени над 30 пријави за оштетувања на куќи и земјоделски површини.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button