ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетовско работат само четворица психијатри на 200 000 жители

Во Тетовско работат само четворица психијатри на 200 000 жители

Тетово страда од недостаток на психијатри. Во тетовската болница работат само 4 психијатри, од кои еден пред пензија. Невзат Елези, од Здружението на албански лекари алармира дека бројката од 4 психијатри за 200 илјади жители е исклучително мала, особено во ова време по пандемијата кога потребата за консултации и психијатриски третмани е огромна.

Advertisements

„Има многу болести кои деновиве со ваквата динамика на животниот стил, имајќи го предвид минувањето на пандемијата, со несоницата, со невидливата бучава и со сообраќајаот во тетовското предградие, сметам дека нема здрав пациент во однос на психијатриски потреби. На сите ни е потребен психијатр, не за лекување, туку за консултација”,рече Невзат Елези, Здружение на лекари Албанци.

Недостатокот на психијатри е поврзан со малиот интерес кај младите луѓе за специјализација во оваа област.

„ Младите не се заинтересирани за овој вид на специјализации и затоа има недостаток. Општо земено, психијатре фалат, бројот е многу дефицитарен, и е многу мал. 13:30 Овој вид на специјализација бидејќи е повеќе од потребно, Министерството за здравство и Министерството за финансии го покриваат. Кандидатите кои сакаат да аплицираат за овој вид на специјализација ќе бидат покриени од државата. Тоа е предноста, има големо економско олеснување“, додаде тој.

Покрај психијатрите, во Тетово има значителен недостиг на педијатри и гинеколози. Од Здружението на лекари велат дека ситуацијата се влошила уште повеќе во последниве години кога многу лекари од овие специјализации се пензионирале, а многу други зманинале во странство./Алсат.мк

Вјолца Алити

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button