ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Царинската управа откриени серија неправилности за помалку oд половина година

Во Царинската управа откриени серија неправилности за помалку oд половина година

Со 85 кривични пријави за помалку од пет месеци и штета од речиси 240 илјади евра, Царинската управа оваа година открила сериозен обем на царински криминал. Дикректорот на Бобан Николовски, вели дека откриле серија неправилности во криминали со употребувани возила, како и злоупотреби на царински исправи со увоз на храна,чија цел била избегнување плаќање на давачки кон државата.

Advertisements

„Годинава до ОЈО гокк и до ОЈО одделениот за истраги при секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила. При што директната штета нанесена во буџетот на Р.М со избегнување на плаќање давачки, изнесува 14,7 милиони еденари или 239 илјади евра“, рече Бобан Николовски – Директор на Царинска Управа.

Дополнително во пет случаи при контрола на месо, цариниците оствариле дополнителна наплата од речиси 180 илјади евра, каде увозниците го тарифирале месото со пониски царински стапки.

„ Во пет случаи при контрола на увоз на месо, остварен е допонителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади евра, при што до сторителите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО, а за еден строрителпрекршочна пријава.Станува збор за случај каде увозниците, го тарифирале месото со пониски царински стапки се со цел избегнување на плаќање давачки“додаде Бобан Николовски – Директор на Царинска Управа.

Николовски посочи дека на Граничниот премин Пелинце каде со години не се паметело да има записник за кривично дело, бил спречен обид за криумчарење на злато и сребро во вредност од над 39илјади евра.

Ангел Димовски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button