Во Центар Жупа повторно нема цензус за избор на градоначалник

На вчерашните повторени локални избори за градоначалник на Центар Жупа повторно не беше обезбеден цензус од 33 насто од гласовите, така што оваа рурална општина и натаму останува без градоначалник. Претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјас за Радио Слободна Европа изјави дека од вкупно 7.077 избирачи гласале 2.121 што значи 29.68 насто, односно недостигале околу 4 проценти од гласовите или само 240 гласови. Според него, на изборите учествувале и печалбари кои биле дојдени од Италија за изборниот процес, но сепак, цензусот не е постигнат. Илјас притоа соопшти дека кандидатот на Турската демократска партија Арјан Ибраим добил 1.888 гласови, додека неговиот противкандат Шаин Шакир освоил 165 гласови, а 68 ливчиња биле неважечки.