ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Црна Гора има најмногу активни случаи на коронавирус во регионот


Откако црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот., пренесува Хина.

Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови  во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога биле додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100 000 население.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button