СВЕТ
Во Турција стапува во сила законот за контрола на социјалните медиуми

Во Турција денеска стапува во сила контроверзниот закон за регулирање на содржината објавена на платформите на социјалните медиуми, што беше усвоен во турскиот парламент на 29 јули годинава. Законот се очекува да има застрашувачки ефект врз слободата на говорот и изразувањето во рамките на земјата. Неколку групи за човекови права сметаат дека тоа е политичка тактика за спречување на критиките кон функционерите на владата во земјата, вклучувајќи го и претседателот Реџеп Таип Ердоган.