ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во училиште во Чаир штрајкуваат сите, освен директорот

Убавото и сончево време им оди во прилог на наставниците кои трет ден штрајкуваат. Покрај во посебните простори во рамките на училиштата, вработените поголемиот дел од денот го минуваат и во училишните дворови. Наставниците во Арачиново велат дека штрајкот бил неизбежен поради мизерната финансиска состојба.

Advertisements

„Нашето училиште има над 100 наставници и сите до последен го поддржуваат штрајкот. Многу ни е жал што децата најмногу страдаат, но друго решение немаше“, рече Шќипе Бучи, СОНК, о.у „Ѓ.К. Скендербег ”Арачиново.

„Иако не сум член на синдикатот, сите сме едно и треба еднакво да ги имаме сите права, да бидеме третирани како што заслужуваат учителите. Наставничката професија од образовен аспект и од страна на наставниците е на вистинско ниво, но од друга страна, поддршката од државата е многу мала“, рече Едиса Јусуфи, наставничка, о.и „Ѓ.К. Скендербег ”Арачиново.

Во училиштето „7 Март“ во Чаир штрајкува целиот персонал, освен директорот.

„Во нашето училиште синдикални членови се наставниците, администрацијата и техничкиот персонал, во овој штрајк се вклучени сите структури. Мора да се вложат сите напори за да се постигне целта, да се зголемат платите“, рече Зекирија Ливорека, СОНК, о.у „7Март“ Чаир.

Споредено со првите два дена од штрајкот, денеска во градинката „Фидани“ во Чаир поголем беше бројот на деца кои побарале згрижување. Директорката вели дека во исто време се почитува правото на штрајк и згрижувањето на децата.

„Бројот на деца почна да се зголемува, првиот и вториот ден имавме 16 деца, а денеска 24. Имаме некои кои се дел од штрајкот, останатите кои се во синдикатот, го поддржуваат штрајкуваат, но работат и со децата, си ги исполнуваат обврските…“, рече Гзиме Бакиу, директорка на градинката „Фидани“.

Вработените во градинките и образованието остануваат на позицијата за зголемување на платите за 18,4% и за спроведување на колективниот договор.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button