Во училиштето на Вања ќе биде отворена книга на жалост

Во основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци” утре ќе биде отворена книга на жалост поради смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот, а вечерва Обвинителството соопшти дека е пронајдено нејзиното тело.
„Со огромно жалење, скршени од болка за прерано згаснатиот живот на Вања, ве информираме дека утре, од 9 часот, на службениот влез на училиштето ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост. Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан“, се вели во соопштението од Општина Центар.