ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Уставен се дискутираше за иницијативата на „Левица“ против Законот за попис

Уставниот суд одржа подготвителна седница за Законот за попис, кој го оспоруваат од „Левица“. На седница се слушнаа ставови на релевантни институции, но и експерти. Подносителот на иницијативата, Димитар Апасиев рече дека пописот во време на пандемија е неприфатлив, и при усвојувањето на Законот во Собранието било злоупотребено европското знаменце.

Од Министерството за правда велат дека пописот воопшто не го загрозува здравјето на граѓаните, и побараа да не се продолжува понатамошната постапка во Уставниот суд.

„Сметаме дека причините во конкретната иницијатива, дека оспорениот закон е спротивен на Уставот, се законски неосновани и од овие причини во име на Владата, предлагаме Уставниот суд да не поведува постапка за уставноста на Законот за попис на население и домаќинства“, рече Мухамет Точи, државен секретар во Министерството за правда.

Државниот завод за статистика смета дека приговорите за пописот на нерезидентното население се неосновани.

Универзитетскиот професор Јетон Шасивари оценува дека целата иницијатива на партијата Левица е надвор од надлежноста на Уставниот суд.

„Сметам дека Законот за попис успешно ќе го положи тестот на уставност пред Уставниот суд затоа што сите четири главни делови на оваа иницијатива се неосновани. Парламентот има моќ да утврди нормативни предуслови за да обезбеди начин на попис на отсутни лица затоа што тие исто така се вклучени во пописот како статистичка операција“, рече Јетон Шасивари- универзитетски професор.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button