РЕГИОН

Во Вашингтон разговори меѓу Белград и Приштина


Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе се состанат во Вашингтон денеска и утре во рамките на долготрајните преговори меѓу двете страни. Разговорите ќе се фокусираат врз економскиот развој и создавањето нови работни места, рече неименуван специјален советник на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека досега справувањето со политичките спорови меѓу Србија и Косово не дале резултати и оти САД имаат за цел да се фокусираат врз опипливи економски прашања што ќе им помогнат на луѓето.

„Ќе имаме состанок и ќе видиме што ќе се случи. Ако страните се заинтересирани да се договорат за економскиот развој, САД знаат како да го направат тоа и ние сме подготвени да помогнеме“, рече тој.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button