ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во време на изборниот молк владата го усвои Буџетот за наредната година

Владата за време на изборниот молк, во саботата, го усвои Предлог буџетот за 2022 година. Од владината прес служба велат дека поради изборниот молк не ја информирале јавноста за одржаната седница во саботата, па затоа денеска е испратено соопштение.

Advertisements

„Владата на Република Северна Македонија на 116 – тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог буџетот за 2022 година. Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција“, соопштија од Владата.

Од Владата не појаснуваат зошто на изборниот молк било неизбежно усвојувањето на Предлог буџетот за 2022 година, ако според Законот за буџети, можел овој предлог да се разгледува уште во наредните две недели. Според Законот, Владата е должна да го достави предлог буџетот до Собранието најдоцна до 15 ноември.

Закон за буџети:

Член 29
-Министерството за финансии доставува предлог на буџетот на Република Македонија до Владата на Република Македонија на усвојување најдоцна до 1 ноември во тековната година.

Член 30
-Владата предлогот на буџетот на Република Македонија го доставува до Собранието на Република Македонија најдоцна до 15 ноември во тековната година.

Од Собранието за Алсат велат дека засега не е пристигнат Предлог буџетот, кој според роковите треба да се донесе до 31 декември. Детали за тоа колку ќе тежи државната каса следната година и како се наменети парите по буџетските корисници, од Министерството за финансии засега не откриваат со образложение дека деновиве на прес конференција ќе се бидат објавени сите детали за државната каса.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button